Каљари ова лето заврши одлична работа кога во прашања се засилувањата. Во Каљари пристигнаа Нахитан Наз (Бока Јуниорс), Марко Рог (Наполи) и најголемото засилување Раџа Наинголан (Интер).
Белгиецот во Каљари пристигна на позајмица од Интер и секако претставува огромно засилување за овој клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наинголан на почетокот на месецот се придружи на Каљари, а веќе успеал да го импресионира тренерот Роланд Маран.
„Спортскиот директор Марсело Карли и претседателот Гиулини успеаа да направат неколку навистина одлични потези. Рог, Нандез и Наинголан се играчи кои ги посакувавме. Рог пристигна да ја организира играте. Нандез ме импресионираше со својата острина и пожртвувваност. Кога е Наинголан во прашање знаев што може да понуди, но ме воодушеви од она што го видов на тренинзите. Тој е ѕвер со топка. Може се да прави добро“, изјави Маран.
Инаку, Наинголан фудбалскиот пат го почна токму во Каљари кога во 2014 година го продаде на Рома за околу 18 милиони евра.