Дома Фудбал Англија Требаше ли Солскјер да даде ваква изјава баш пред градското дерби?

Требаше ли Солскјер да даде ваква изјава баш пред градското дерби?

Maнчестер Јунајтед во најважниот дел од сезоната влезе во голема криза, многумина ќе кажат и полоша од онаа пред Божиќ кога на клупата беше Жозе Мурињо.

Жозе Мурињо беше наследен од Оле Гунар Солскјер кој имаше почеток како од соништата, но во последно време „црвените ѓаволи“ играат под нивото. Испаднаа од ФА Купот и Лигата на шампионите, а четвртото место во Премиер лигата кое води во Лигата на шампионите станува се подалечно.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед на четири кола пред крајот е дури 24 бода одалечен од врвот на Премиер лигата и ова ќе биде прв пат после 1989 година две сезони во низа клубот да не освои ниту еден трофеј.

Како да сето ова не е доволно за очајните навивачи на Јунајтед на денот на градското дерби со Сити (21:00) во кое со победа впечатокот би можел барем малку да се поправи иако во тоа никој не верува со оглед на тоа во каква форма се „црвените ѓаволи“ дојде и чудната најава на Солскјер за наредната сезона.

„Ниту наредната сезона нема да бидеме способни да се бориме за титулата со Ливерпул и Сити. Не можете да очекувате тоа да го достигнете преку ноќ Тоа ќе се случи постепено и мораме да бидеме реални и да одиме чекор по черок. До нивното ниво нема да стигнеме и така што би купиле десет играчи оваа сезона. За да се вратиме на славните патеки мораме да работиме полека, но сигурно“, изјави Солскјер.

Голем дел од навивачите го делат мислењето дека колку и тоа да е реално ваква изјава еден тренер на клуб каков што е Манчестер Јунајтед не треба да даде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Скандал во Лигата на шампионите: Мбапе по натпреварот со Барса предизвикал тепачка во која учествувале 60 луѓе

Пари Сен Жермен во вторникот ја елиминираше Барселона откако во реваншот го победи каталон…