Даниеле Ругани важеше за најголемиот италијански талент кога простигна во Јувентус и многумина прогнозираа дека ќе биде наследник на Киелини.
Ругани пет години настапуваше за Јувентус, но не успеа да го покаже својот квалитет, па минатата година беше испратен на позајмица.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Јасно е дека за него повеќе нема место во тимот на „старата дама“, па Јувентус го стави на продажба.
Италијанските медиуми пренесуваат дека дефанзивецот кариерата ќе ја продолжи во Бетис, а двата клуба го договориле трансферот за 4 милиони евра.
Неговата кариера во последните години тргна во надолна линија, иако на почетокот му предвидуваа дека ќе биде новиот капитен на Јувентус.