
Фудбалскиот репрезентативец на Португалија, Желсон Мартинс од денес и официјално е фудбалер на Атлетико Мадрид.
Крилниот играч потпиша договор на пет години со клубот во кој пристигна како слобден играч откако го раскина договорот со Спортинг поради нападот на хулиганите.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Мартинс за Спортинг забележа 52 настап и постигна 13 погодоци, додека за селекцијата на Португалија забележа 19 настапи.
Сепак, нема се да биде завршено тука.
Имено, од Спортинг најавија тужба до Меѓународната фудбалска федерација ФИФА поради овој трансфер сметајќи дека треба да добијат оштета од 60 милиони евра, толку колку што изнесувала неговата откупна клазула.