Речиси сите италијански медиуми ја пренесуваат веста која прв ја објави добро информираниот „Tuttosprot“ – дека Јувентус е подготвен ова лето да им плати на Фиорентина дури 50 милиони евра за одличниот крилен напаѓач, Федерика Бернардески.
Иако во минатото имаше трансфери од Јуве во Фиореинтина (како најпознати се оние на Анџело Ди Ливио и Морено Торичели), оние трансфери од Фиренца во Торино не се случиле долги 27 години.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Помеѓу Јувентус и Фиорентина со децении владее огромно непријателство, кое често се граничи и со омраза. Торинскиот гигант има најмногу навивачи во Италија, а единствениот град во Италија каде што нема свој клуб на навивачи е токму Фиренца. Поточно, кратко го имаа, беше отворен во 1990., но не траеше долго.
Откако таа 1990 година Јувентус во контровезен трансфер го „украде“ идолот на навивачите Роберто Баџо, бесните фанови на Фиорентина ги запалија просториите на навивачите на „Старата дама“.
Но, и покрај ривалството помеѓу Јуве и Фиорентина, „Tuttosport“ пишува дека Јуве е сериозно заинтересиран за Бернардески кој оваа сезона постигна 14 гола и запиша пет асистенции во сите натпреваруања.
Локалните весници во Фиренца исто така ја потврдија приказната, а како главен адут на „Старата дама“ во преговорите се истакнува Буфон кој е голем пријател со Бернардески, а двајцата се родени во тосканскиот град Карара.
И покрај сериозниот интерес на Јувентус, од Фиорентина рекоа дека сакаат да го задржат крилниот напаѓач и му нудат продолжување на договорот и годишна плата од 2,5 милиони евра.
Сепак, тешко е Бернардески да остане во Фиорентина и следната сезона бидејќи освен Јувентус, за него е заинтересиран и Интер, кој во него гледа идеална замена за Иван Перишиќ кој е на чекор од трансфер во Премиер лигата.