Фудбалскиот клуб Челзи во јануарскиот трансфер период ќе се обиде да донесе големо засилување, пренесуваат англиските медиуми.
Имено, како што потврди и германски „Билд“, Челзи во јануари ќе тргне во офанзива по потписот на Артуро Видал од Баерн Минхен, кој според Антонио Конте би бил идеално засилување за неговиот тим“.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Видал во Баерн заработува 7,5 милиони евра по сезона, а весникот тврди дека „сините“ се спремни да му понудат двојно повеќе, односно неверојатни 15 милиони евра годишно.
Баерн е спремен да преговара бидејќи Чилеанецот следното лето ќе влезе во последната година од договорот. Притоа, Видал веќе наполни 30 години, па ова е последна прилика Баварците да заработат на неговата продажба.
Се уште не е откриена сумата која Челзи е спремен да ја понуди, но се претпоставува дека Баварците за неговата слобода ќе бараат околу 50 милиони евра.
„Билд“, кој е многу релевантен извор тврди дека Баерн не може да му понуди на играчот 15 милионие вра по сезона, па поради тоа е спремен да го пушти. Притоа Видал сака повторно да соравотува со Антонио Конте.