Дома Топ вести ТРАНСФЕР БОМБА: Бејл го напушта Реал и се сели во германскиот гигант!?

ТРАНСФЕР БОМБА: Бејл го напушта Реал и се сели во германскиот гигант!?

Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл призна дека му е чест што се поврзува со Баерн и дека за тоа не може да ја исклучи можноста за заминување во Минхен.

Велшанецот се повеќе се споменува како првиот играч кој ќе го напушти „Кралскиот клуб“, бидејќи сака повеќе да игра, а Баерн со гигантите од Англија е еден од најзаинтересираните.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Ништо не може да се исклучи во фудбалот. Во моментов сум во Реал, уживам, но Баерн има одличен тим и е еден од најуспешните клубови во Европа. Чест ми е што ме поврзуваат со таква екипа. Гол на секој втор натпревар не може да биде лош учинок, но секогаш сакам да напредувам. Ќе бидам искрен, сакам поголема улога“, изјави Бејл за „ESPN“.

Бејл е член на Реал од 2013. година и оваа сезона одигра 33 натпревари на кој постигна 14 гола, но треба да се додаде дека има проблем и со повредите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…