Дома Топ вести Трансферот се „крчка“: Агентот на Ериксен пристигна во Милано

Трансферот се „крчка“: Агентот на Ериксен пристигна во Милано

Плејмејкерот на Тотенхем, Кристиан Ериксен најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Интер, пренесуваат италијанските  медиуми.

„Газета дело Спорт“ тврди дека двете страни се во напреднати преговори и дека конечниот договор е само прашање на време. „Нероаѕурите“ му предложиле на Ериксен договор до 2024 година според кој ќе заработува 10 милиони евра по сезона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според извор близок до агентот на данскиот фудбалер, тој веќе е во Милано за да ги договори последните детали од договорот.

Идејата на двете страни е договорот да биде потпишан сега, а Ериксен да пристигне во Милано на лето како слободен агент.

Ситуацијата е исклучително незгодна за Тотенхем бидејќи фудбалерот има уште шест месеци од договорот, па „спарси“ сакаат да го продадат во јануари. Меѓутоа, на Интер повеќе му одговара да почека до јуни и да го донесе Данецот без обештетување, а со тоа ќе му понуди и повисока плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…