Вчера како гром од ведро небо одекна веста дека играчот на Челзи, Оскар за 62 милиони евра ќе се пресели во Кина, а самиот фудбалер потврди дека само детали недостасуваат од комплетирањето на трансферот.
„Тајмс“ утрово откри шокантни податоци околу неговиот договор, па Оскар и официјално ќе стане третиот најплатен фудбалер во светот.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Според изворите на влијателниот британски весник, Шангај годишно ќе му исплатува на Оскар неверојатни 23 милиони евра. Тоа значи дека Бразилецот станува третиот најскапоплатен фудбалер на светот, веднаш зад Роналдо и Меси.
Интересно е дека Оскар во Лондон заработуваше дури пет пати помалку пари, односно 90.000 фунти неделно.
Инаку самиот трансфер е 16-ти најголем во историјата на фудбалот, но сигурно нема долго да се задржи бидејќи Кинезите планираат нови „луди трансфери“.