Трансферот на Адриен Рабио од Јувентус во Манчестер Јунајтед може да пропадне, пренесуваат италијанските медиуми.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Двата тима постигнаа договор за трансфер на почетокот на неделата, но потоа дојде до застој на преговорите помеѓу Јунајтед и мајката на Рабио, Вероник, која е негов менаџер.
Таа побарала значително повисока плата, што не му се допаднало на раководството на „црвените ѓаволи“.




Рабио во Јувентус заработува 7 милиони евра по сезона, но за да прифати трансфер на „Олд Трафорд“ побарал минимум 10 милиони евра годишно.




Фудбалерот сака да игра во Лигата на шампиони и само за поголема плата би прифатил трансфер во Манчестер Јунајтед.