Дома Трансфер зона Трансферот на Рабио во Јунајтед пред пропаѓање поради мајка му

Трансферот на Рабио во Јунајтед пред пропаѓање поради мајка му

Трансферот на Адриен Рабио од Јувентус во Манчестер Јунајтед може да пропадне, пренесуваат италијанските медиуми.

Двата тима постигнаа договор за трансфер на почетокот на неделата, но потоа дојде до застој на преговорите помеѓу Јунајтед и мајката на Рабио, Вероник, која е негов менаџер.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Таа побарала значително повисока плата, што не му се допаднало на раководството на „црвените ѓаволи“.

Рабио во Јувентус заработува 7 милиони евра по сезона, но за да прифати трансфер на „Олд Трафорд“ побарал минимум 10 милиони евра годишно.

Фудбалерот сака да игра во Лигата на шампиони и само за поголема плата би прифатил трансфер во Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…