Дома Трансфер зона Трансферот на Пјаниќ во Барса зависи од Артур

Трансферот на Пјаниќ во Барса зависи од Артур

Трансферот на Миралем Пјаниќ од Јувентус во Барселона е се поизвесен, пишува „Газета дело Спорт“.

Газета утрово објави, а пренесоа и другите медиуми во Италија, дека Пјаниќ прифатил трансфер во Каталонија и сега останува клубовите да се договорат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона и Јувентус постигнале начелен договор за трампа, па сега се е во рацете на бразилскиот плејмејкер Артур.

Јувентус е спремен да ја комплетира трампата, па во моментов започнал преговори со Артур. Бразилскиот плејмејкер е голема желба на тренерот Сари, па „старата дама“ ќе се обиде што поскоро да постигне договор.

23-годишниот Бразилец во моментов не сака да ги напушти Каталонците, па целата трансфер операција е во негови раце.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Салах ја прифати понудата од Саудиска Арабија

Мохамед Салах на крајот на сезоната готово сигурно ќе го напушти Ливерпул, тврдат медиумит…