Џошуа Зиркзе наскоро и официјално ќе стане фудбалер на Манчестер Јунајтед, но на овој трансфер ќе се израдува и Баерн Минхен.
Имено, Фабрицио Романо објави дека Баерн Минхен при продажбата на Холанѓанецот во Болоња задржал 50% од неговиот договор.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според најавите Манчестер Јунајтед за Зиркзе ќе плати сума од нешто над 40 милиони евра, па така околу 20 ќе завршат во касата на Баерн што секако не е сума за занемарување и добро ќе му дојдат на германскиот гигант за летниот преоден рок.
Зиркзе во тој период кога го напушти Баерн не можеше да добие шанса пред Роберт Левандовски кој тогаш беше во клубот.