Британските медиуми откриваат дека трансферот на Азар од Реал Мадрид е веќе завршена работа!
Самиот Азар призна дека донел конечна одлука и дека го известил раководството на Челзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Донесов одлука. Се уште чекам околу развојот на ситуацијата. Им кажав на клубот пред неколку недели. Ја донесов одлуката, но не зависи се од мене“, истакна Азар.
Челзи до крајот на сезоната ќе игра во финалето од Лига Европа на 29-ти мај, а веднаш потоа ќе биде официјализиран трансферот.
„Гардијан“ ги открива сите детали од трансферот. Реал за неговиот потпис ќе му плати на Челзи 110 милиони евра, а Азар ќе потпише четиригодишен договор со „кралевите“ и годишно ќе заработува 15 милиони евра.
28-годишниот Белгиец пристигна во Челзи во 2012 година, во меѓувреме со „сините“ освои неколку трофеи, а има прилика да се прости од клубот со пехарот од финалето на Лига Европа.