Големата трансфер цел на Манчестер Јунајтед и Тотенхем, Бруно Фернандеш стави потпис на нов договор со Спортинг Лисабон.
Фернандеш минатата сезона беше еден од најдобрите играчи во Европа и беше на мета на многу европски гиганти, но сепак остана во Спортинг.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес Португалецот стави потпис на нов договор до 2023 година, а во истиот ќе има откупна клаузула од 100 милиони евра.
Фернандеш се уште е голема желба на Јунајтед, но и на Мурињо кој сигурно ќе се обиде да го донесе во Тотенхем во јануари и следното лето.
Меѓутоа, со новиот договор Спортинг ќе има подобра позиција во преговорите и сигурно цената на фудбалерот додатно ќе порасне.