Дома Трансфер зона Милан експресно ја договори замената за Калиниќ

Милан експресно ја договори замената за Калиниќ

Хрватскиот напаѓач Никола Калиниќ е на излезна врата од „Сан Сиро“, а италијанските медиуми пренесуваат дека Милан веќе пронашол замена.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Калиниќ минатото лето пристига во Милан од Фиорентина, но не ги оправда очекувањата, па клубот го стави на трансфер листа.

Атлетико Мадрид покажува сериозен интерес за Хрватот, двата клуба се веќе во напредни преговори и наскоро би требало да биде комплетиран неговиот трансфер во Мадрид.

„Росонерите“ веќе пронајдоа замена, а станува збор за италијанскиот репрезентативец Симоне Заза. Напаѓачот веќе постигнал договор со Милан и ќе потпише 4 годишен договор тежок 2,5 милиони евра по сезона.

Милан и Валенсија веќе започнале преговори за трансферот кој би требало да изнесува околу 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…