Дома Трансфер зона ПСЖ го сака Канте – му нуди трампа на Челзи

ПСЖ го сака Канте – му нуди трампа на Челзи

Раководството на Пари Сент Жермен не се откажало од идејата да го донесе Нголо Канте во своите редови ова лето.

Еминентниот „Екип“ пренесува дека „светците“ се спремни да му предложат размена на Челзи и во спротивен правец да го испратат Адриен Рабио.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рабио одби да го продолжи договорот со ПСЖ и најверојатно ова лето ќе ја промени средината, па раководството сака да го искористи за да дојде до потписот на Канте.

Челзи тешко ќе се откаже од Французинот, но ПСЖ е спремен покрај Рабио да понуди и дополнителни 40 милиони евра.

Останува да видиме како ќе реагираат „сините“ на оваа понуда со оглед на фактот што идниот тренер Маурицио Сари е голем симпатизер на играта на Рабио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Готово: Барселона договори светски шампион, пристигнува бесплатно!

Според последните информации, Барселона успеала да постигне договор во летниот преоден рок…