Дома Топ вести Јувентус прави место за Роналдо: Игуаин во Челзи за 60 милиони евра, се преговара и за стоперот на „дамата“!

Јувентус прави место за Роналдо: Игуаин во Челзи за 60 милиони евра, се преговара и за стоперот на „дамата“!

higuain

Изгледа дека е ослободено местото за Роналдо.

Додека се чека расплетот околу Кристиано Роналдо. Јувентус изгледа договорил продажба на Гонзало Игуаин. Последната вест од Апенините гласи: Челзи и Јувентус постигнаа договор, Игуаин се сели во Лондон за сума од 60 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно се чека само тренерот Маурицио Сари и официјално да биде промовиран во нов стратег на „сините“.

Јувентус очигледно прави место за Роналдо и одлучил жртвата биде Игуаин кој пред три години го плати на Наполи 90 милиони евра. Не треба да се заборави и дека Игуаин во овој момент е најплатен играч во тимот со плата од 7.5 милиони евра по сезона.

Во Торино изгледа решиле целосно да ја реконструираат екипата, а парите од Игуаин се очекува да бидат вложени во Роналдо.

Освен Игуаин кој како што кажавме се смета за завршена работа, Челзи и Јувентус преговараат за Даниеле Ругани и за оваа зделка се споменува сума од 40 милиони евра.

Токму Сари го лансираше Ругани во Емполи, пред Јувентус да го доведе во своите редови. Со Игуаин исто така работеше во Наполи, па овие потенцијални засилувања за Челзи може да се протолкуваат како желби на Сари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…