Дома Топ вести Трансфери во живо: Диара ги поминал прегледите во ПСЖ, Кеп ги изненади сите, Балотели и Јуве немаат никаков договор…

Трансфери во живо: Диара ги поминал прегледите во ПСЖ, Кеп ги изненади сите, Балотели и Јуве немаат никаков договор…

Нашата редакција и во зимскиот преоден рок правовремено ќе ве известува за сите трансфери и трансфер новости. Со Спортски бидете во тек…

– Според англиските медиуми, Рома ја прифатила понуда од Челзи во износ од 28 милиони евра за Един Џеко. (ОВДЕ)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


– Пјер-Емерик Обамејанг е на прагот на потписот за англискиот тим. Делегацијата на Арсенал вчера слетала во Дортмунд за да ги договори сите детали околу претстојниот трансфер со претставниците на Борусија, тврди „Goal“ (ОВДЕ)

– Реал Мадрид категорично потврди дека нема намера да се раздели со играчот за врска Матео Ковачиќ во зимскиот преоден рок. (OВДЕ)

– Трансферната сага околу играчот за врска на Интер, Жоао Марио продолжува, пренесуваат италијанските медиуми.„Нероаѕѕрите“ се обидуваат да најдат нов клуб за Португалецот бидејќи јасно е дека Спалети не смета повеќе на него. (ОВДЕ)

Алексис Санчез ги помина медицински прегледи и до крајот на денот ќе го реализра трансферот во Јунајтед. (ОВДЕ)

– Англиски „Тhe Sun“ пренесува изненадувачки ифнромации. Наводно, Јувентус се договорил со Марио Балотели кој би пристигнал во Торино на лето како слободен фудбалер. (ОВДЕ)

– Официјално: Големата желба на Реал Мадрид, Кеп Аризабалага потпиша нов договор со Атлетик Билбао кој ќе има важност до 2025 и во кој ќе има откупна клазула во износ од 80 милиони евра. (ОВДЕ)

– Официјално: Робин Ван Перси се врати во редовите на Фејенорд. (ОВДЕ)

– Според последните информации, Даниел Стариџ ја избрал Севиља и се очекува тој да биде неговиот нареден клуб. (ОВДЕ)

– Ветеранот Метју Фламини кој најдобриот период од својата кариера го помина во редовите на Арсенал од наредната сезона ќе настапува во Шпанија за тимот на Гетафе. (ОВДЕ)

– Легендарниот Бразилец Робињо постигнал договор со тимот од Сиваспорт и се очекува наскоро да потпише договор со турскиот клуб. (ОВДЕ)

– Медиумите го „уловија“ Ласана Диара како излегува од болница! „Ла Парисиен“ пишува дека ветеранот ги завршил медицинските прегледи и ќе потпише договор со ПСЖ.

– Новиот тренер на Стоук, Пол Ламберт истакна дека Питер Крауч не е на продажба

– Менаџерот на Бордо истакна дека најдобриот фудбалер на овој клуб, Бразилецот, Малком нема да го напушти клубот во јануари.

– Пишувањата на „Тhe Sun“ од утрово дека Јувентус има договор со Марио Балотели се покажаа како неточни, Јувентус и Балотели немаат никаков договор, пренесува сега „Калчомеркато“. (ОВДЕ)

– Според „Телеграф“ Реал Мадрид откако остана без Кеп Аризабалага кој го продолжи договорот со Атлетик Билбао, ќе тргне по потписот на Тибо Куртоа од Челси.

– Од наредното лето во младинските категории на Јувентус ќе настапува синот на легендарниот Андреа Пирло, Николо. (ОВДЕ)

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тијаго Силва го напушта Челзи, веќе го избрал и новиот клуб

Бразилскиот дефанзивец, Тијаго Силва според последните информации ја игра последната сезон…