Старуџ е на излезна врата од Ливерпул, а во последно време многу се шпекулира со неговата иднина.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Последните информации од Островот велат дека напаѓачот ја избрал Севиља, иако имаше понуди од Серија А, каде интерес за него покажаа Интер и Рома.
Монтела силно го посакува Стариџ во својот тим, но проблем е што Ливерпул за неговата слобода бара 30 милиони евра и не прифаќа позајмица.
Англискиот напаѓач верува дека шпанскиот фудбал повеќе му одговара од италијанскиот и е спремен да ги намали барањата за плата.
Севиља и Ливерпул се во интернзивни преговори, а медиумите се оптимисти дека набрзо ќе најдат заеднички јазик за трансферот.