Влегуваме во последната недела од преодниот рок, а нашата редакција навремено ве известува за сите трансфери и трансфер шпекулации.
–Нејмар се уште е главна тема на трансфер пазарот. Реал Мадрид и Барселона до последен момент ќе се обидуваат да го донесат Бразилецот во своите редови.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
–ПСЖ спреми спектакуларна понуда од 100 милиони евра за Вилфред Заха од Кристал Палас. Медиумите тврдат дека тој треба да биде замена за Нејмар.
–Милан и Атлетико Мадрид се блиску до договор за трансфер на Анхел Кореа на „Сан Сиро“ за 42 милиони евра.
-Барселона е заинтересирана за играчот за врска на Јувентус Родриго Бентанкур. „Старата дама“ за неговиот потпис бара 60 милиони евра.
-Португалскиот репрезентативец Адриен Силва и официјално е играч на Монако. Доаѓа на едногодишна позајмица од Лестер.
? DEAL DONE: Leicester City midfielder Adrien Silva has joined Monaco on a season-long loan. (Source: @AS_Monaco) pic.twitter.com/kfWZet5yWx
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 24, 2019
-Интер и Манчестер Јунајтед ги продолжуваат преговорите за Алексис Санчез. Медиумите тврдат дека договорот е блиску и дека се договараат последните детали.
-БОМБА: Еминентниот „Екип“ тврди дека „војната“ помеѓу Нејмар и ПСЖ е завршена и дека Бразилецот ќе остане на „Паркот на принцовите“.
–Се огласи агентот на Дибала и проговори за евентуалниот трансфер на Аргентинецот во ПСЖ.
–Тимо Вернер одлучи да остане во Лајпциг и наскоро ќе стави потпис на нов договор.
-„Билд“ пренесува дека Баерн Минхен дефинитивно се откажа од трансферот на Марк Рока од Еспањол.
-БОМБА: Шпанските медиуми пренесуваат дека Мурињо би можел да се врати во Реал Мадрид и дека „столчето“ на Зидан не е сигурно.
-Милан и Спортинг Лисабон се блуску до договор за напаѓачот Андре Силва. Стануав збор за едногодишна позајмица со право на откуп за 30 милиони евра.