Зимскиот преоден рок се наближува до својот крај, а последните денови секогаш се и најинтересни. Со Спортски бидете во тек со сите трансфери и трансфер новости…
За почеток ви ја претставувавме секојдневната рубрирка за десет трансфери кои имаат најголеми шанси да се реализираат до крајот на денот. (ОВДЕ)
ТОП 10: Трансфери кои можат да се реализраат до крајот на денот https://t.co/kFGa5ywbPT
— Sportski.mk (@Sportski_mk) January 27, 2018
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
– Денот започна со потврдата за трансфер на суперталентираниот Пјетро Пелегри од Џенова кој за сума од 25 милиони евра ќе се пресели во редовите на Монако. (ОВДЕ)
– Фудбалерот на Челси Давид Луиз според последните информации ќе остане во редовите на „сините“ само поради тоа што смета дека Антонио Конте ќе замине од „Стенфорд Бриџ“, пишуваат англиските медиуми. (ОВДЕ)
Луиз останува во Челзи, бидејќи мисли дека Конте ќе си оди https://t.co/eMK4U8Juxi
— Sportski.mk (@Sportski_mk) January 27, 2018
– Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо со својата последна изјава најави нови засилувања (ОВДЕ)
– Како што пишуваат англиските медиуми, напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема ги договара условите за негов трансфер во редовите на Арсенал. (ОВДЕ)
– Официјално: Жоа Марио е нов фудбалер на Вест Хем (ОВДЕ)
– Eмерик Лапорте од Атлетик Билбао се очекува во понеделник или вторник да пристигне на медицински прегледи во Манчестер Сити
Прегледите закажани, познати и деталите: Еве кога на „Итихад“ ќе пристигне новото големо засилување! https://t.co/eDBdaupW16
— Sportski.mk (@Sportski_mk) January 27, 2018
– Реал Мадрид е спремен да потроши и до 500 милиони евра во летниот преоден рок за комплетна реконструкција на тимот.
Real Madrid are planning a £500m summer raid on the Premier League, with Harry Kane, Eden Hazard and David de Gea all in their sights. (Source: Daily Mail) pic.twitter.com/INbDXrzuAs
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 27, 2018
– Манчестер Јунајтед во последните денови од преодниот рок ќе се обиде да го доведе Матео Ковачиќ од редовите на Реал Мадрид.
Manchester United are lining up a move for Real Madrid midfielder Mateo Kovačić. (Source: Daily Mirror) pic.twitter.com/k616YnJ36B
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 26, 2018
– Oфицијално: Младиот голман на Јувентус, Никола Леали се пресели на позајмица во редовите на Перуџа.
– Хавиер Пасторе се уште се обидува да ги убеди челниците да ПСЖ да му дозволат трансфер во редовите на Интер. Единствената опција на која Интер може да си дозволи да го доведе Аргентинецот е позајмица со право на откуп.
– Како што пренесуваат француските медиуми Лукаш Моура ги договорил условите со Тотенхем и се очекува наскоро да пристигне на „Вајт Харт Лејн“ за сума од 25 милиони евра и да потпише договор на четири години.
Lucas Moura has agreed terms with Tottenham Hotspur on a 4-and-a-half year deal. He'll cost Spurs €25m. (Source: RMC Sport) pic.twitter.com/CxPk76BQC7
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 26, 2018
– Борусија Дортмунд се огласи со официјално соопштени по повод иднината на Пјер-Емерик Обамејанг (ОВДЕ)
Borussia Dortmund’s statement on Aubameyang:
“Barcelona want to sign Aubameyang in the summer. We're ready, with certain conditions, to make a transfer happen to all clubs but only when all conditions are completely met. So far Arsenal have tried and we've rejected everything.” pic.twitter.com/gsjeyFyKdO
— Transfer Related (@TransferRelated) January 27, 2018
– Арсенал и Евертон во последните денови ќе се обидат да го доведат фудбалерот на Интер, Марсело Брозовиќ.
Arsenal and Everton are battling it out to sign Marcelo Brozović from Inter. (Source: Daily Express) pic.twitter.com/NZOd34oGzX
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 27, 2018
– Како што пренесуваат англиските медиуми, Манчестер Јунајтед е спремен да ја плати клазулата за фудбалерот на Наполи, Фаузи Гулам.
Manchester United are willing to pay the £52.6m release clause in order to land Napoli defender Faouzi Ghoulam. (Source: Daily Mirror) pic.twitter.com/J4cYoTe0BP
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 27, 2018