Бразилскиот дефанзивец од редовите на Челзи, Давид Луиз нема немара да го напушти овој клуб до крајот на трансфер периодот.
Луиз во моментов се наоѓа во немилост под водство на тренерот Антонио Конте, а од почетокот на сезоната одигра само девет натпревари во Премиер лигата. Не е познато зошто Конте не му дава прилика за игра на Луиз, а долго време се шпекулира дека тој ќе ја напушти екипата, бидејќи седи на клупа или на трибини. Арсенал, Манчестер Јунајтед и многу други клубови се споменуваат како следна дестинација, но Луиз останува во Челзи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека причината е тоа што тој мисли дека Конте ќе добие отказ до лето и дека од следната сезона повторно ќе добие место во првата постава под водство на новиот тренер. Потсетуваме, Луиз го напушти Челзи на лето 2014. година кога се пресели во ПСЖ, но по две години се врати во Лондон за кого исто така играше од 2011. до 2014. година.