Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема како што се наведува веќе ги договара условите за преминување во лондонски Арсенал.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Како што наведува Мирор, францускиот напаѓач ја прифатил понудата на лондонскиот клуб. Подготвен е да пристигне на „Емирати“, а преостана само да се договори цената помеѓу двата клуба.
Меѓутоа, тоа ќе оди малку потешко. Аесенал е подготвен да издвои 35 милиони фунти за услугите на 30-годишниот напаѓач, додека Кралевите бараат нешто повеќе од 50 милиони фунти.
Сепак, во следните денови лесно би можело да се случи договорот да биде постигнат и Бензема да го облече дресот на „Топчиите“.
Бензема член на Реал стана во 2009. година. Пристигна од Лион за 35 милиони евра, а во 387 натпревари за Кралевите постигна 186 погодоци.
Оваа сезона меѓутоа, неговата форма е очајна, па постигна шест погодоци во 22 настапи за тимот од Мадрид.