Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Интер тргнува по Робен, Де Лихт го одби ПСЖ, Челзи спреми 50 милиони за Кавани!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Интер тргнува по Робен, Де Лихт го одби ПСЖ, Челзи спреми 50 милиони за Кавани!

И денес нашата редакција навремено ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини на трансфер пазарот.

– Тука можете да се потсетите што вчера се случува на трансфер пазарот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


– Интер и денес е во центарот на вниманието. Полсе договорот со Годин, „нероаѕурите“ ќе се обидат да го донесат и Арјен Робен како слободен агент следното лето (ОВДЕ).

– Пропадна трансферот на Фабио Борини од Милан во Шензен. Кинескиот клуб се откажа од италијанскиот напаѓач.

– Ѕвездата на Ривер Плата, Хуан Квинтеро призна дека е во напредни преговори за трансфер во Манчестер Сити (ОВДЕ).

Мурињо ја одби понудата да се врати во татковината и да седне на клупата на Бенфика (ОВДЕ).

– Челзи по секоја цена сака да донесе напаѓач во зимскиот преоден рок. Англиските медиуми пренесуваат дека „сините“ спремиле понуда од 50 милиони евра за потписот на Едисон Кавани. Сепак, трансферот е тежок за реализација бидејќи ПСЖ не сака да се ослободи од Уругваецот.

– Италијанските медиуми пренесуват дека Јувентус е спремен да го „жртвува“ Миралем Пјаниќ на лето за да го врати Пол Погба во своите редови (ОВДЕ).

– Играчот за врска на Барселона, Денис Суарез е многу блиску до комплетирање на трансферот во Арсенал.

– ПСЖ најверојатно ќе ја загуби трката со останатите гиганти за „бисерот“ на Ајакс, Матијас де Лихт. Медиумите тврдат дека Холанѓанецот ги одбил „светците“ и преферира трансфер во Барселона или Јувентус.

– Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со Жорди Алба кој се уште не го продолжил договорот со Барселона. „Тутоспорт“ пренесува дека „старата дама“ сака да го донесе левиот бек следното лето во Торино.

– Италијанските медиуми тврдат дека Манчестер Јунајтед е спремен да ја плати откупната клаузула за дефанзивецот Костас Манолас. Гркот може да си замине од Рома доколку некој клуб плати 36 милиони евра.

– Милан работи на трансферите на Стефано Сенси од Сасуоло и Јаник Караско. Сака да ги донесе двајцата фудбалери на позајмица со право на откуп следното лето.

Фабрегас денес отпатува за Монако каде треба да го финализира трансферот во клубот од „кнежевството“.

– Манчестер Јунајтед влезе во траката за потписот на Јаник Караско од Далијан Јифанг. Белгиецот сака да се врати во Европа, а до сега Милан важеше како фаворит за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…