Дома Топ вести Интер има „пеколен“ план: После Годин, го сака и Робен – бесплатно!

Интер има „пеколен“ план: После Годин, го сака и Робен – бесплатно!

Раководството на Интер веќе договори еден голем трансфер за следното лето, но италијанските медиуми тврдат дека „нероаѕурите“ нема да застанат тука.

Медиумите во Шпанија и Италија потврдија дека Интер постигнал договор со Диего Годин, кој следното лето ќе пристигне на „Џузепе Меаца“ како слободен агент од Атлетико Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, „нероаѕурите“ внимателно ја следат ситуацијата на сите фудбалери без договор и следната мета е ѕвездата на Баерн Минхен, Арјен Робен.

Робен следниот месец ќе наполни 35 години и ја игра последната сезона во Баерн, па Интер сака да го донесе на „Џузепе Меаца“ и наводно е спремен да му понуди едногодишен договор.

Интер следната сезона сака да направи тим со кој конечно ќе го нападне Скудетото, а раководството смета дека Холанѓанецот ќе биде од големо значење за тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…