Дома Топ вести Гвардиола добива голема засилување: Ѕвездата на Ривер Плата пред трансфер на „Етихад“

Гвардиола добива голема засилување: Ѕвездата на Ривер Плата пред трансфер на „Етихад“

Колумбискиот репрезентативец и ѕвезда на Ривер Плата, Хуан Квинтеро призна дека преговара со Манчестер Сити за трансфер оваа зима.

25-годишниот Квинтеро кој и понатаму се наоѓа во сопственост на Порто, а игра на позајмица во Аргетина, откри дека преговорите за трансфер на „Етихад“ се започнати.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Знам дека мојот менаџер започна преговори со Манчестер Сити и горд сум што таков клуб се интересира за мене. Но, доколку се вратам во Европа тоа ќе биде за доброто на сите страни, не само поради финансиски услови“, изјави Квинтеро.

Колумбискиот плејмејкер одигра одлично и на Светското првенство, а Гвардиола во него гледа идеална алтернатива за Фернандињо во пролетниот дел од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дани Алвеш ја згрозил шпанската јавност со потегот по излегувањето од затворот

Поранешниот бразилски репрезентативец, Дани Алвеш ја налути јавноста со потегот кој го нап…