Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО – 5ти јануари: Симеоне потврди дека клубот го „изневерил“ Годин, Робињо претставен!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО – 5ти јануари: Симеоне потврди дека клубот го „изневерил“ Годин, Робињо претставен!

И денес 5-ти јануари бидете со нас и следете се што се случува на трансфер пазарот ширум светот – БИДЕТЕ ВО ТЕК!

– Тука можете да се потсетите што вчера се случува на трансфер пазарот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


– Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, Португалецот Пепе кој не го продолжи договорот со турски бешикташ наскоро би можел да се врати во Портуаглија во редовите на Порто. (ОВДЕ) 

– Тимот на Челзи денес го игра натпреварот против Нотингем во ФА Купот и ова би можел да биде последен натпревар за Фабрегас во дресот на „сините“. Шпанецот е пред трансфер во Монако.

– Барса вчера го договори трансферот на Адриен Рабио – еве како би можел да изгледа нивниот тим со него во составот. Рабио на лето пристигнува во Каталонија како слободен играч.

Франк Кеси би можел да го напушти Милан. Тотенхем наводно понудил 40 милиони евра, а тука е и Челзи кој е спремен да испрати понуда од 25 милиони евра и Бакајоко кој веќе е на позајмица во Милано.

Матеја Кежман, агентот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ порача дека неговиот клиент овој месец со сигурност нема да го напушти Лацио.

– Џанлука Ди Марцио тврди дека Челзи се распрашувал за Едисон Кавани, како и дека „сините“ со 50 милиони евра сакаат да го украдат бисерот на италијанскиот фудбал, Николо Барела од Каљари. (ОВДЕ)

– ДОГОВОРЕНО: Диего Годин изгледа го договорил трансферот во Интер! Пристигнува на лето како слободен играч (ОВДЕ)

– Интересна вест: На Островот тврдат дека Њукасл сака во своите редови да го врати Енди Керол. Преговорите наводно веќе се започнати!

– БОМБА: Алваро Мората договорил трансфер во Севиља! (OВДЕ)

Вчера се пишуваше дека ПСЖ во Амстердам преговарал за трансфер на двата супер таленти на Ајакс, Матијас Де Лихт и Франк Де Јонг. Денес се појави информација дека Мино Раиола кој е агент на Де Лихт бара провозија од 12 милиони евра.

– „Кориере дело Спорт“ на својата насловна страна денес пренесува дека Јувентус ќе му понуди нов договор на Марио Манџукиќ до 2022 година (ОВДЕ)

Петар Чех: Искрено, не знам дали ќе останам после јануари. Наскоро ќе седнеме и ќе разговараме со клубот.

– Како замена за Арон Рамзи кој ќе се пресели на лето во Јувентус како слободен играч, Арсенал би можел да го доведе Денис Суарез од Барселона. (ОВДЕ)

– ПРЕСВРТ: Утрово сите медиуми пренесуваа дека Пепе е пред трансфер во Порто. Сепак, сега наводно Монако на Анри е во „пол-позиција“. Оваа информација во јавноста ја пласираше Џанлука Ди Марцио. Останува да видима дали е во право.

– Нов преоден рок нови информации за Бенџамин Павар. „Билд“ тврди дека Баерн Минхен и понатаму е фаворит за потписот на фудбалерот кој има клазула во износ од 35 милиони евра.

– Според информациите на француските медиуми, Мехди Бенатија побарал од Јувентус да биде продаден во јануари. За неговиот потпис се интересираат, Милан и Арсенал.

– „Кориере дело Спорт“ открива дека се води манчестерско дерби за потписот на Никола Милинковиќ. Наводно и двата клуба се спремни да платат 50 милиони евра.

– Mилан можеби добива конкуренција, Манчестер Јунајтед наводно е спремен да влезе во трката за Јаник Караско.

– Мадритска „,Марка“ пренесува дека Жорди Алба наскоро ќе потпише нов договор со Барселона. Актуелниот договор на Алба истекува во 2020 година.

Диего Симеоне изгледа се помирил со трансферот на Годин во Интер.

„Годин не потпишал ништо со Интер. Сепак, вистина е дека клубот му вети некои работи и не ги исполни. Во ниту еден момент не бил блиску до потпишување на нов договор.

– OФИЦИЈАЛНО: Робињо е нов фудбалер на Башакешир!

– Уште една вест од Турција: Џон Оби Микел изгледа ќе го напушти кинескиот Тијанџин, нова дестинација се очекува да биде Фенербахче.

– Тоа беше се за денес!

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Еве каде може да го гледате бараж натпреварот за Светско првенство на Македонија и Фарски Острови

Машката сениорска репрезентација на Македонија вечерва (20 часот) во Торшавн го игра првио…