Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Желсон Мартинс во Монако, Интер го сака Караско, Мората на прегледи

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Желсон Мартинс во Монако, Интер го сака Караско, Мората на прегледи

Полека влегуваме во последната недела од зимскиот трансфер пазар. Во завршницата секогаш е најинтересно, а ние навремено ќе ве известуваме за сите случувања.

-Главна вест на денот е Алваро Мората. Шпанецот утрово пристигна на лекатски прегледи во Мадрид и се очекува да потпише договор со Атлетико (ОВДЕ).


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


-Официјално: Атлетико го испрати Желсон Мартинс на позајмица во Монако до крајот на сезоната (ОВДЕ).

-Тотенхем не се откажува од Рабио. Покетино му нуди на Французинот важно место во тимот и плата од 7,5 милиони евра по сезона.

-Рома и Аталанта постигнаа договор за младиот дефанзивец Џанлука Манчини. „Волчицата“ ќе плати 25 милиони евра, а траснферот ќе се реализира на лето.

Врсаљко ќе мора да оди на операција, а тоа значи дека ќе отсуствува од терените неколку месеци. Поради тоа Интер може да ја прекине позајмицата и да го врати Хрватот во Атлетико.

-Интер сериозно се вклучува во траката за Јаник Караско, а има и адит во ракавот.

-Талентот на Челзи Ходсон-Одој и официјално побара трансфер во Баерн Минхен (ОВДЕ).

-Гигантите се „тепаат“ за ѕвездата на ПСВ, Стивен Бергвајн. Манчестер Јунајтед, Милан, Ливерпул и Баерн се во трка за неговиот потпис (ОВДЕ).

-Барселона му постави ултиматум на Денис Суарез. Ако неговата иднина не се реши до крајот на преодниот рок, ќе биде отстранет од тимот и ќе тренира со младинците.

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Директорот на Јувентус, Фабио Паратичи во ресторан го заборави списокот со потенцијални засилувања. Медиумите ги открија сите трансфер мети на „старата дама“. (ОВДЕ).

-Ништо од трансферот на Марко Арнаутовиќ. Напаѓачот потпиша нов договор со Вест Хем до 2023 година (ОВДЕ).

-Интер ја одби понудата на Арсенал за Иван Перишиќ. „Топџиите“ понудија позајмица од 5 милиони, плус 40 милиони за откуп, но „нероаѕурите“ не го даваат фудбалерот на позајмица.

-Официјално: Кристал Палас го потврди трансферот на Бакари Сако, позајмица до крајот на сезоната.

-Манчестер Јунајтед му даде дозвола на Антонио Валенсија да си бара нов клуб, интерес за него покажуваат Фулам и Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…