Дома Трансфер зона Ходсон- Одој официјално побара трансфер во Баерн Минхен!

Ходсон- Одој официјално побара трансфер во Баерн Минхен!

Младата ѕвезда на Чекзи, Калум Ходсон-Одој и официјално испратил молба за трансфер, пренесуваат англиските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


18-годишниот крилен напаѓач настојува клубот да го продаде во Баерн Минхен. Тој категорично одби да потпише нов договор со „сините“ кои му предложија неделна плата од 85.000 фунти.

Одој својата иднина ја гледа во Баерн, откако баварскиот гигант направи се за да го убеди дека ќе има голема минутажа на „Алијанц Арена“. Младиот Англичанец е убеден дека од следната сезона ќе го заземе местото на Робен во тимот.

Челзи веќе одби три понуди од Баерн, последната во висина од 35 милиони фунти. Меѓутоа, Баварците се надеваат дека Челзи ќе попушти на притисокот на самиот фудбалер кој по секоја цена сака да го напушти „Стенфорд Бриџ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…