Португалскиот репрезентативец Желсон Мартинс ќе игра како позајмен фудбалер до крајот на сезоната во Монако, потврди клубот од „кнежевството“.
Желсон Мартинс минатото лето пристигна во Атлетико Мадрид, но не успеа да се наметне во тимот на Симеоне, па „јорганџиите“ се решија да го пуштат на позајмица.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Португалецот се пресели во Монако и ќе му помогне на францускиот клуб во битката за опстанок во Лига 1.
Монако моментално се наоѓа на 19-то место на табелата, а новиот тренер Жардим смета дека неговиот сонародник ќе биде идеално засилување за тимот.
? @GelsonMartins_ : "Jusqu'à la fin de la saison, chaque match sera une finale."
—–
⬇️ Les premiers mots de Gelson Martins sous ses nouvelles couleurs ⬇️ pic.twitter.com/mmlzApo3kp— AS Monaco ?? (@AS_Monaco) January 27, 2019