Алваро Мората денес треба да ги помине лекарските прегледи, а потоа и официјално да стави потпис на договорот со Атлетико Мадрид.
Мората во Атлетико доаѓа на 18 месечна позајмица, а потоа „јорганџиите“ ќе имаат можност да го откупат за 55 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа, Атлетико не е обврзан да го откупи неговиот договор, па доколку не се одлучи за таков потег, Шпанецот во јуни 2020 година ќе се врати во Челзи.
„Многу сум среќен што сум пред нова етапа во кариерата, со денови го чекав ова. Недостасува само уште лекарскиот преглед, со нетрпение чекам се да се заврши и да почнам да тренирам со новите соиграчи“, изјави Мората.
Àlvaro Morata has passed a medical at Atlético Madrid. (Source: AS) pic.twitter.com/vX6T8p0LaN
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 27, 2019