Дома Топ вести Трансфери во живо: Донарума потпиша, Дани Алвеш на прегледи во Париз

Трансфери во живо: Донарума потпиша, Дани Алвеш на прегледи во Париз

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите сулучувања на трансфер пазарот.

-Севиља го комплетираше трансферот на напаѓачот од Сампдорија, Луис Муриел. За потписот на Колумбиецот тимот од Андалузија ќе плати 20 милиони евра.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


– Атлетико Мадрид постигна договор со Монако за трансфер на Фабињо. „Јорганџиите“ за неговиот потпис ќе платат 45 милиони евра, а поради забраната за трансфери ќе го остават на позајмица во „кнежевството“ до јануари. (ОВДЕ)

– Англиските медиуми пренесуваат дека Евертон ќе продолжи со шопингот и дека следна мета е Кристиан Бентеке од Кристал Палас.

– Интер започна преговори со Челзи за трансфер на Немања Матиќ, а „сините“ за неговата слобода бараат 40 милиони евра (ОВДЕ)

-Братот на Џанлуиџи Донарума, Антонио пристигна во Милан и ги помина медицинските тестови. Се очекува утре заедно со својот брат да стават потпис на договорите.

– Пари Сент Жермен не се откажува од идејата да го донесе Килијан Мбапе. Еминентниот „Екип“ пренесува дека „светците“ за да го убедат 18-годишниот напаѓач му нудат неверојатна плата од 18 милиони евра по сезона.

– Откако ја загуби трката за Ромелу Лукаку, Антонио Конте е во потрага по квалитетен напаѓач, а најновото име е Пјер Емерик Обамејанг. Наводно Челзи е спремен да понуди 70 милиони евра за неговиот потпис.

-Рома е многу блиску до комплетирање на трансферот на Матија Настасиќ од Шалке. Медиумите во Италија тврдат дека „волчицата“ за потписот на дефанзивецот ќе плати помеѓу 12 и 15 милиони евра.

-Бешикташ започна преговори со Манчестер Сити за трансфер на Самир Насри. „Граѓаните“ за Французинот бараат 14 милиони евра, а покрај Бешикташ за Насри интерес покажува и кинескиот клуб Шангај Шенхуа.

Иван Перишиќ веќе има постигнато договор со Манчестер Јунајтед и инсистира на преселба на „Олд Трафорд“. Меѓутоа, двата клуба не можат да најдат заеднички јазик околу обештетувањето (ОВДЕ)

-Спортскиот директор на Јувентус, Бепе Марота денес ќе отпатува во Минхен за да го комплетира трансферот на Даглас Коста. Медиумите откриваат дека „бјанконерите“ за потписот на Бразилецот вкупно ќе платат 46 милиони евра.

-Лацио бара замена за Лукас Биглиа кој е на чекор од трансфер во Милан, а медиумите пренесуваат дека прва мета е играчот на Бешикташ Толгај Арслан.

-Официјално: Борха Валеро е нов фудбалер на Интер. Шпанскиот играч за врска денес потпиша тригодишен договор и ќе го носи дресот со број „20“.

-Официјално: Заврши сагата за Хамес Родригез. Колумбиецот се пресели во Баерн Минхен на двегодишна позајмица (ОВДЕ)

-Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити и Тотенхем спремаат интересна трампа. „Граѓаните“ за Кајл Вокер го нудат Икеначо и одредена сума пари (ОВДЕ)

-Интер е сериозно заинтересиран за дефанзивецот на Реал Сосиедад, Ињиго Мартинез. Како што пренесуваат шпанските медиуми „нероаѕурите“ се спремни да ја платат откупната клаузула за 26-годишниот стопер која изнесува 32 милиони евра.

Џо Харт нема да замине на турнејата со Манчестер Сити. Голманот дефинитивно ќе ги напушти „граѓаните“, а како најзаинтересирани клубови во моментив се Њукасл и Вест Хем.

-Раководството на Барселона тргна во последен напад на Паулињо. Целиот трансфер би требало да биде комплетиран во петок, кога се затвара трансфер пазарот во Кина.

-Готово: Даглас Коста е нов фудбалер на Јувентус! „Старата дама“ постигна комплетен догвор со Баерн Минхен. Бразилецот ќе пристигне во Торино на едногодишна позајмица од 6 милиони евра со задолжителен откуп следното лето за додатни 40 милиони евра.

-Конечно е ставен крај на сагата околу Џанлуиџи Донарума. Младиот голман денес стави потпис на нов договор со Милан и се обврза на верност кон „росонерите“ до 2021 година.

-Медиумите информираат дека Дани Алвеш денес пристигнал во Париз на медицински прегледи и набрзо ќе стане нов играч на Пари Сент Жермен. Бразилецот е слободен агент откако го раскина договорот со Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид спремен да го продаде Чуамени

Ливерпул е силно заинтересиран за ѕвездата на Реал Мадрид, Орелиан Чуамени, пренесуваат ме…