Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Денес се завршува – ќе видиме ли бомба до полноќ?

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Денес се завршува – ќе видиме ли бомба до полноќ?

Дојде и тој момент – последен ден од зимскиот преоден рок! Следете се што се случува на трансфер пазарот ширум светот на едно место!

– Официјално: Себастијан Џовинко е нов фудбалер на Ал Хилал. Торонто доби два милиони евра оштета, додека Италијанецот ќе има плата од 10 милиони евра годишно.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


– Навикнати сме на вакво нешто од Островот! Челзи во последниот ден тргнува по Абдуал Дукуре од Втофорд!

– Ни стигнува и една бомбастична вест – ПСЖ го сака Вилијан! (OВДЕ

– „Мундо Депортиво“ утрово пишува дека по се изгледа од трансферот на Рабио во Барселона и дефинитивно нема да има ништо. Барселона веќе подолго време немала конткат со него и неговата мајка (агент).

– Арсенал, Милан, Интер…На крајот Јаник Караско останува во Далијан! Потврдата стигна од агентот на фудбалерот, Федерико Пастолеро.

„Далијан го отстрани Караско од трансфер листата, не постојат шанси тој да си замине“.

– Јувентус во проблем! После повредите на Леонардо Бонучи и Киелини (вчера против Аталанта) „старата дама“ нема многу време да пронајде нов привремен стопер. Се обидувале со Бруно Алвеш од Парма, но нивната понуда била одбиена.

Ислам Слимани во Фенербахче пристигна минатото лето, но веќе сака да замине. Фудбалерот поднел барање за трансфер и ќе заврши најверојатно во Кардиф или Бетис.

Шинџи Кагава денес и официјално ви требало да го комплетира трансферот во Монако.

Ален Халиловиќ на крајот изгледа ќе се заврши во Болоња. Голем број медиуми на „Чизмата“ се убедени во ваков развој на настаните.

– Се чека и комплетирањето на трансферот на Домагој Вида во Рома.

Маруан Фелаини ги менува прегледите во Кина во тимот на Шандонг.

Фелаини објави и фотографија од Кина

– „Скај Спорт“ дознава и дека Питер Крауч ги менува медицински прегледи во Барнли! (OВДЕ)

– МОЖЕН ПРЕСВРТ! Јувентус поради проблемите во одбраната се обидуваше да го доведе Бруно Алвеш, откако Парма ја одби нивната понуда, па ќе тргнат по Домагој Вида кој е пред трансфер во Рома! (ОВДЕ)

– Се појави и уште една опција за во одбраната на Јувентус. Понуден им е Гери Кејхил, Јувентус размислува…(ОВДЕ)

– Галатасарај потврди дека се во завршни преговори за доведување на Костас Митроглу. Ова значи и дека нема да има ништо од трансферот на Адис Јаховиќ кој вчера го најавија турските медиуми.

Денис Суарез е во Лондон и ја чека промоцијата во Арсенал.

– Во последниот ден од преодниот рок Милан и Лацио водат борба за потписот на Ромуло од Џенова. Ромуло е фудбалер кој може да игра како последен играч за врска и десен бек.

– Работата со Вилијан и ПСЖ изгледа е навистина сериозна. Челзи избра и играч кој би можел да го замени тоа е Кевин Монет Пакет кој се обидат да го доведат доколку Вилијан навистина денес потпише за ПСЖ. (ОВДЕ)

– Официјално: Денис Суарез е нов фудбалер на Арсенал.

Идрис Гаја и дефинитивно останува во Евертон откако „крамелите“ ја одбија последната понуда од ПСЖ од 21 милион фунти.

– Манчестер Сити го комплетираше трансферот на фудбалерот на Хајдук, Анте Паварес кој ќе остане во Хајдук на позајмица до крајот на сезоната. Трансферот изнесува седум милини фунти.

Костас Митроглу ги помина медицинските прегледи во Галатасарај.

– ГОТОВО: Барселона успеа да се договори со за Жан Клер Тодибо да пристигне веднаш на „Ноу Камп“, а нe на лето како што гласеше првичниот договор! (ОВДЕ)

 – OФИЦИЈАЛНО: Ентони Марсијал потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед со важност до 2024 година. (ОВДЕ)

– Босанскиот фудбалер Кенан Кодро денес потпиша договор со Атлетик Билбао. Она што е интересно е неговата откупна клазула која изнесува дури 80 милиони евра.

– Еве зошто Босанецот Кодро има право да игра за Атлетик Билбао каде што е познато дека играат само Баскијци. (ОВДЕ)

– Милан го испрати Халиловиќ на позајмица (ОВДЕ)

– Играчот за врска на Тотенхем, Н’Kуду ја комплетираше позајмицата во Монако.

– Официјално: Mигел Алмирон е нов фудбалер на Њукасл

– Андерлехт е заинтересиран за позајмица на крилниот фудбалер на Евертон, Јаник Боласи.

– Освен со Костас Митроглу Галатасарај денес се засили со Мбаје Диагне од Кашимапаша кој на 20 натпревари постигна 17 голови. (ОВДЕ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…