Дома Трансфер зона На Јувентус му „гори под нозете“, па и режира на Рома нов случај „Малком“!?

На Јувентус му „гори под нозете“, па и режира на Рома нов случај „Малком“!?

Екипата на Јувентус вчера остана без Киелини кој заработи повреда во натпреварот против Аталната, така Киелини му се придружи на веќе повредениот Леонардо Бонучи.

Оваа ситуација го стави Масимилијано Алегри во сериозен проблем. Сега поради повреда надвор од конкуренција за настап се Андреа Брзаљи, Џорџо Киелини и Леонардо Бонучи. Мехди Бенатија замина во Катар, па така на останаа само Ругани и повратникот Касерес.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Поради тоа денес во последниот ден од преодниот рок се очекува експресна реакција на „старата дама“.

Прва опција беше Бруно Алвеш кого се обидуваа да го доведат и пред Касерес, но Парма ја одбила нивната понуда и не сакале да преговараат.

„Нема ништо околу Бруно Алвеш. Наскоро ќе го продолжи договорот“, изјави директорот на Парма, Даниеле Фаџано.

Јувентус сега нема опција, па во последен момент ќе се обиде да го украде веќе планираното засилување на Рома, Домагој Вида.

Засега не се открива колку „старата дама“ е сериозна, но со оглед на тоа што е последен ден и што им „гори под нозете“ многу лесно би можеле да бидат приморани да испратат подобра понуда од онаа на Рома.

Рома со Бешикташ се договори за понудата од два милиони евра за позајмица до лето и откуп на крајот од сезоната за околу шест милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …