Дома Топ вести ВЕСТ НА ДЕНОТ: ПСЖ до полноќ го сака Вилијан!

ВЕСТ НА ДЕНОТ: ПСЖ до полноќ го сака Вилијан!

Официјалната понуда се очекува многу брзо!

Неполн ден откако ПСЖ во официјално соопштение потврди дека Нејмар ќе биде отсутен од терените два ипол месеци спортскиот директор на клубот добил дозвола да тргне во акција.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Метата е – Вилијан!

Во Челзи се свесни дека ова е супер прилика да се извлече голема сума од ПСЖ. Уште едно нешто што најавува дека овој трансфер има шанси да биде реализиран е што Бразилецот има договор до јуни 2020 година. Вилијан има 31 година и позната е политиката на клубот на играчите над 30 години да не им даваат договор подолг од една година.

Од друга страна Челзи се обезбеди за во иднина на лето пристигнува Кристијан Пулишиќ од Борусија Дортмунд за сума од 64 милиони евра.

Освен Вилијан, ПСЖ во последниот ден ќе се обиде да го комплетира трансферот на Аргентинецот од МЛС Лусијан Акоста за сума од 8.7 милиони евра.

Ќе биде супер интересно во Париз до вечер до затварањето на трансфер рокот (00:00 часот).

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…