Питер Крауч до крајот на денот ќе направи трансфер во Премиер лигата!
Како што дознава „Скај Спорт“ англискиот ветеран ги минува прегледите во тимот на Барнли.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Крауч така ќе направи трансфер после еден подолг период кој мина во тимот на Стоук. Англискиот ветеран дресот на Стоук го носи од 2011 година и за овој клуб одигра 225 натпревари и постигна 46 погодоци.
Трансферот во Барнли за Крауч ќе значи и враќање во Премиер лигата бидејќи со Стоук оваа сезона се натпреварува во Чемпионшип каде што се наоѓа на 15-тата позиција.
Во трансферот ќе биде вклучен и Сем Вокес кој Барнли ќе го испрати во спротивна насока.
SKY SOURCES: @petercrouch to have medical at @BurnleyOfficial ahead of a permanent transfer. #SSN
Read: Deadline Day LIVE! https://t.co/9RL1gV0M0U #DeadlineDay pic.twitter.com/pc2pDlGv24
— Sky Sports News (@SkySportsNews) January 31, 2019