Во последниот ден од трансфер периодот како „бомба“ одекна веста дека ПСЖ денес ќе се обиде да го доведе Вилијан од Челзи.
Од Париз наводно во Вилијан гледаат идеална замена за Нејмар кој ќе биде надвор од терените околу два ипол месеци поради повреда. Сумата засега не се открива, но се тврдеше дека контактот е воспоставен и понудата ќе пристигне во Лондон многу брзо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега „Скај Спорт“ објави нова информација која може да се каже дека дополнување.
Имено, Челзи избрал играч кој ќе биде замена на Вилијан.
Станува збор за Кевин Моет Пакет, играч кој настапува во француската Лига за тимот на Сент Етјен.
BREAKING: Sky sources: @ChelseaFC wants to bid on Deadline Day for Kevin Monnet-Paquet to replace Willian.#SSN
More on Deadline Day LIVE !https://t.co/uWnYecLFCO pic.twitter.com/Iaf3S97vDn— Sky Sports News⚪ (@SkySportNiews) January 31, 2019
Овој играч за Сент Етјен игра од 2014 година и од тој момент настапи на 125 натпревари и постигна 10 погодоци.
Ќе биде интересно до крајот на денот…