Дома Топ вести Трансфери во живо: Барса тргнува по Мбапе, Конте го сака Хари Кејн

Трансфери во живо: Барса тргнува по Мбапе, Конте го сака Хари Кејн

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

-Мурињо не може повеќе да чека разврска околу трансферот на Иван Перишиќ и ќе бара друго решение. Англиските медиуми тврдат дека нова мета е ѕвездата на Лајпциг, Емил Форсберг (ОВДЕ).


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


– ПСЖ сака да донесе нов голман ова лето, а медиумите тврдат дека „светците“ се спремни да понудат 40 милиони евра за голманот на Спортинг Лисабон и португалски репрезентативец Руи Патрисио.

– Англиските медиуми лансираа вистинска „бомба“. Антонио Конте е силно заинтересиран за Хари Кејн од Тотенхем, а за тој трансфер ќе треба да издвои 100 милиони фунти (ОВДЕ).

– Директорот на Јувентус, Марота потврди дека испратил официјална понуда до Лацио за Кеита Балде и сега се чека одговор од претседателот Лотито. Силен интерес за крилниот напаѓач покажува и Интер.

– Евентуалниот трансфер на Нејмар во ПСЖ сеуште е главна тема во сите медиуми, како и трансферот на Кутињо во Барселона (ОВДЕ).

– Англиските медиуми се сигурни дека Мурињо наскоро ќе успее да го донесе на „Олд Трафорд“ својот миленик од Челзи. (ОВДЕ)

– Јувентус е се поблиску до ангажирање на Блас Матуиди од ПСЖ. „Старата дама“ веќе постигна договор со играчот, па останува уште да најде заеднички јазик со „светците“. Јувентус нуди 25 милиони евра, додека ПСЖ бара 30 милиони, но наскоро се очекува да биде постигнат конечен договор.

– Сампдорија е силно заинтересирана за македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски од Ријека. Италијанските медиуми тврдат дека клубот од Џенова испратил преставници да започнат преговори со хрватскиот клуб.

– Официјално: Иако има 36 години, искусниот голман Еурелио Гомеш потпиша нов договор со Ватфорд.

-Агентот на Абденур потврди дека дефанзивецот на Валенсија се наоѓа на чекор од трансфер во Ватфорд.

– Мидлсборо е на добар пат да го комплетира трансферот на Ешли Флечер од Вест Хем за 7,5 милиони евра.

– „Скај Италија“ пренесува дека Интер испратил официјална понуда до Ница за левиот бек Далберт. „Нероаѕурите“ нудат 20 милиони евра плус бонуди, додека францускиот клуб бара 30 милиони. Се очекува наскоро да биде постигнат договор.

– Фиорентина е заинтересирана за крилниот напаѓач на Милан, Мбаје Нианг и сака да го вклучи во договорот за Калиниќ. Сепак, тренерот Монтела сака да го задржи Французинот на „Сан Сиро“.

– Ливерпул ја одреди целата за Кутињо и ја шокира Барселона. „Црвените“ за слободата на Бразилецот бараат 150 милиони евра.

– „Паризиен“ јавува дека Барселона влегла во трката за Килијан Мбапе. До сега Реал важеше како фаворит за потписот на Французинот, но сега и Каталонците влегуваат „во игра“.

– Играчот за врска на Андерлехд, Дендонкер е на мета на Манчестер Јунајтед и Милан. Овие два клуба ќе се борат за неговиот потпис до крајот на летниот преоден рок.

– „Марка“ пренесува дека Реал Мадрид договорил продолжување на соработката со Карим Бензема. Французинот ќе потпише нов договор до 2022 година.

Касерес се враќа во Серија А. Италијанските медиуми пренесуваат дека Уругваецот ќе се пресели во Лацио како слободен агент.(ОВДЕ)

 – Фудбалерот на Наполи и репрезентативец на Италија, Емануеле Џакерини, негов нов клуб би требало да биде Спарта Прага, каде што ќе соработува со италијанскиот стратег Андреа Страмачиони. (ОВДЕ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Премиерлигашите ја сакаат ѕвездата на Дортмунд

Неколку клубови од Премиер лигата покажуваат силен интерес за ѕвезата на Борусија Дортмунд…