Дома Топ вести Трансфери во живо: Барса одби 80 милиони, Мбапе во Реал, Донарума потпиша

Трансфери во живо: Барса одби 80 милиони, Мбапе во Реал, Донарума потпиша

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите сулучувања на трансфер пазарот.

Мбапе се сели во Реал


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Шпанска „Марка“ денес лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека Килиан Мбапе од следната сезона ќе настапува за Реал Мадрид. „Кралевите“ постигнале комплетен договор со играчот, а во наскоро треба да ги договорат сите детали со Монако. (ОВДЕ)

Арсенал тргнува по Лемар и Марез

Венгер е решен ова лето да донесе големи засилувања и да направи конкурентен тим. Медиумите тврдат дека испратил понуда од 40 милиони евра до Монако за Томас Лемар, а исто така е силно заинтересиран и за Ријад Марез од Лестер. (ОВДЕ)

Евертон не запира со трансферите

Евертон е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот. „Карамелите“ веќе потрошија 100 милиони евра, а медиумите тврдат дека сега тргнуваат по играчот на Свонси, Сигурсон за кого се спремни да понудат 36 милиони евра.

Донарума останува во Милан

Сагата околку 18-годишниот голман конечно заврши. Постигнат е договор, Донарума ќе стави потпис на нов четиригодишен договор со „росонерите“ и годишно ќе заработува 6 милиони евра. (ОВДЕ).

Рома бара замена за Салах

Раководството на Рома бара замена за Мохамед Слах кој се пресели во Ливерпул. Најголема желба е играчот на Марсеј, Флориан Тован, но францускиот клуб бара 30 милиони евра за неговата слобода.

Милан не се откажува од Обамејанг

Италијанските медиуми тврдат дека Милан и понатаму не се откажува од намерата да го донесе Обамејанг на „Сан Сиро“. Неговиот трансфер во Кина е под знак прашалник, а трансфер пазарот во Кина се затвора за 8 дена.

Милан е спремен да плати 70 милиони евра за неговиот потпис, но проблем е големата плата на голгетерот. Обамејанг бара 10 милиони евра по сезона, додека „росонерите“ можат да му пондат максимално 8 милиони евра годишно.

Нето во Валенсија

Јувентус и Валенсија постигнаа договор за трансфер на бразилскиот голман Нето. „Старата дама“ за својот резервен голман ќе добие 7 милиони евра, плус бонуси.

Барселона одби 80 милиони евра

„Мундо Депортиво“ пренесува дека раководството на Барселона одбило понуда од 45 милиони евра за Андре Гомеш, но не е откриено името на клубот. Исто така одбиена е понудата на Манчестер Сити од 35 милиони евра за Серџи Роберто. Со обивањето на овие 80 милиони евра, Каталонците покажаа дека ќе сметаат на овие двајца фудбалери следната сезона.

Интер заинтересиран за Алексис Санчез

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е заинтересиран за Алексис Санчез и дека веќе остварил првичен контакт со Арсенал. Проблем за „нероаѕурите“ може да биде големата плата која ја бара Чилеанецот (ОВДЕ)

Милан тргнува по Квадрадо

Милан е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот, а следна цел на „росонерите“ е играчот на Јувентус, Хуан Квадрадо (ОВДЕ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид и Барселона ја следат ситуацијата со Халанд

Според информациите на британските медиумите Ерлинг Халанд сака да го напушти Манчест…