Дома Топ вести Трансфери во живо: Барса најде замена за Нејмар, Перишиќ останува, Јуве пазари од Мадрид

Трансфери во живо: Барса најде замена за Нејмар, Перишиќ останува, Јуве пазари од Мадрид

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

-На повидок голем трансфер за Арсенал. Монако е блиску до потпишување на договор со Гезал, што значи дека се отвара вратата за трансфер на Томас Лемар на „Емирати“ (ОВДЕ).


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


– Генералниот директор на Милан, Фасоне потврди дека „росонерите“ ќе донесат едно големо име во нападот и на ја отфрли можноста тоа да биде Ибрахимовиќ или Фалкао.

– Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул испратил понуда од 17 милиони евра до Рен за 26-годишниот Бенџамин Андре. Станува збор за дефанзивен играч за врска.

– Англиските медиуми пренесуваат дека Тотенхем е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Шалке, Макс Маер. „Спарси“ наскоро ќе испратат официјална понуда до германскиот клуб.

– „Мудо Депортиво“ пренесува дека Барселона спрема понуда за Пауло Дибала. Весниот тврди дека Јувентус сака во „пакетот“ да биде вклучен и Андре Гомеш или Рафиња Алкантара (ОВДЕ).

Зинедин Зидан има специјален план за Килијан Мабапе. Останува да видиме што ќе каже Перез на тоа (ОВДЕ).

– Интер е во потрага по крилен напаѓач, а денес италијанските медиуми пишуваат дека „нероаѕурите“ се заинтересирани за Јармоленко од Динамо Киев и Емре Мор од Борусија Дортмунд.

– Официјално: Џермејн Ленс е нов играч на Бешикташ. Сандерленд за неговиот потпис ќе добие 5 милиони евра.

– Зенит е сериозно заинтересиран за играчот за врска на Атлетико Мадрид, Матијас Краневитер и спрема понуда до „јорганџиите“.

– „Тутоспорт“ открива дека главна трансфер мета на Јувентус за замена за Леонардо Бонучи е Езекил Гарај од Валенсија. Наводно двата клуба веќе ги започнале преговорите за трансферот.

– Италијанските медиуми пренесуваат дека Кондогбија побарал од раководството на Интер да му биде дозволен трансфер ова лето. „Нероаѕурите“ за неговата слобода бараат најмалку 25 милиони евра.

– Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона постигнала договор со Осман Дембеле и во наредните денови ќе испрати официјална понуда до Борусија Дортмунд. (ОВДЕ).

– Јувентус е сериозно заинтересиран за играчот за врска на Реал Мадрид, Матео Ковачиќ (ОВДЕ).

– Интер потврди дека Иван Перишиќ нема да го напушти клубот ова лето и дека започнале преговори за нов договор.

– Официјално: Батштубер е нов фудбалер на Штутгард.

– Евертон конечно го договори долгоочекуваното засилување. Англиските медиуми потврдија дека „карамелите“ постигнале договор со Свонси за трансфер на Сигурдсон за кого ќе платат неверојатни 58 милиони евра.(ОВДЕ)

– Официјално: Гастон Рамирез е нов играч на Сампдорија. Италијанскиот клуб на Мидлсборо ќе му плати 9 милиони евра.

– Германскиот „Билд“ пренесува дека Борусија Дортмунд бара 100 милиони евра за Осман Дембеле и нема да го продаде за помала сума.

– Интер и Валенсија се блиску до договор за трансфер на дефанзивецот Џеферсон Муриљо кој треба да изнесува 13 милиони евра.

– Милан поднесе банкарски гаранции за трансферите на Леонардо Бонучи и Лукас Биглија. Трансферите се комплетирани и двајцата ќе можат да настапат на следниот меч (ОВДЕ).

– Барселона е заинтересирана за стоперот на Реал Сосиедад, Ињиго Мартинез Претседателот на баскискиот клуб порача дека играчот може да си замине само доколку биде активирана клаузулата која изнесува 32 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Ливерпул го сакаат дефанзивецот на Јувентус

Ливерпул и Манчестер Јунајтед се силно заинтересирани за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон…