Дома Фудбал Лига на шампиони Традицијата вели: Барселона ќе слави вечерва против Интер

Традицијата вели: Барселона ќе слави вечерва против Интер

Барселона вечерва го пречекува Интер во еден од поинтересните натпревари во Лигата на шампионите.

Каталонците пред осум дена загубија на „Џузепе Меаца“ со 1:0, имаат три бода помалку од Интер и императив за победа.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Историјата е 100% на страната на Барселона, која во пет наврати беше домаќин на Интер и има импресивен учинок од пет победи и гол разлика 10:1.

Барса и Интер се сретнаа во две последователни сезони во групната фаза од Лигата на шампионите, во 2018 и 2019 година, Каталонците победија со 2:1 и 2:0, а претходно во полуфиналето во 2010 година против тимот на Мурињо, кога беше 1:0 но со тој резултат не се пласираа во финалето.

Во истата сезона Барса играше со Интер и во групната фаза, есента 2009 славеше со 2:0. Првата средба се одигра во 2003 година, кога на Камп Ноу беше 3:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ФИФА објави нова листа: Познато на кое место Македонија ќе ја заврши годината

ФИФА денеска ја објави најновата ранг-листа на репрезентации, а македонската фудбалска сел…