Дома Фудбал Останато Трагедија го погоди регионот: Познат спортист и учесник на олимписки игри загина во сообраќајна несреќа во Хрватска

Трагедија го погоди регионот: Познат спортист и учесник на олимписки игри загина во сообраќајна несреќа во Хрватска

Во тешка сообраќајна несреќа изминатата вечер животот го загубил поранешниот хрватски олимпиец Антонио Рачки.

Несреќата се случила во тунелот „Печина“ во Ријека. Хрватските медиуми пренесуваат дека 19-годишник ја изгубил контролата на возилото и со голема брзина удрил во теретно возило.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Првичнот беше објавено дека животот го загубиле две лица, а потоа дека едно од тие лица е Антонио Рачки, поранешен скијач и учесник на Зимски олимписки игри.

Исто така се наведува дека помеѓу повредените во несреќата е и неговиот син. Рачки кој има 50 години учествуваше на Зимските олимписки игри во норвешкиот Лилехамер во 1994 година, како и во Јапонија во 1998 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ѕвезда на Реал почнува да ќелави? Сопругата вели: Ништо, одиме во Турција!

Тој е моментално еден од најважните играчи на Реал Мадрид, за кој дебитираше уште во 2018 …