Дома Фудбал Трагедија: Босански тренер загина по удар од гром

Трагедија: Босански тренер загина по удар од гром

Почина поранешниот играч и тренер на Сараево, Џенан Ушчуплиќ (48).

Ушчуплиќ бил погоден од гром додека планинарел со своето друштво на планината Зеленгора на југоисточниот дел на Босна и Херцеговина.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Оваа вест ги шокираше сите навивачи на Сараево, но и останатите фудбалски фанови во Босна и Херцеговина.

Ушчуплиќ е роден на 18 август 1975 година, а сениорската фудбалска кариера ја започна во 1995 година во Сараево, откако мина низ младинските категории во Жељезничар. Подоцна го облече и дресот на Олимпик.

Се повлекол во летото 2002 година на 27-годишна возраст поради хронична повреда на коленото. Потоа работел како тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар остана без најдобриот фудбалер – поради повреда го чека долга пауза

Македонскиот прволигаш Вардар, се соочува со сериозен удар пред продолжението на сезоната,…