Дома Фудбал Тој е најголемата измама во европскиот фудбал!

Тој е најголемата измама во европскиот фудбал!

Во историјата на европскиот фудбал забележани се бројни играчи со „сомнителен квалитет“, но некои од нив играа на највисока сцена и ги освоија најважните трофеи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сите се сеќаваме на Кристиан Карамбеу и слободно можеме да кажеме – легендарен француски играч и еден од најтрофејните во свое време.

Неговата колекција трофеи е импресивна. Освои се што можеше да се освои, две европски титули со Реал, Светско и Европско првенство со националниот тим итн, а никаде не беше клучен играч, односно не играше важна улога.

Стручњаците велат дека во историјата на фудбалот не се појавиле многу играчи со така скромни можности, а да направиле така голема кариера. Негивата навистина беше врвна, и освои практично се што можеше да се освои.

„Bleacherreport“ пред неколку години објави листа на најголеми „измани“ со пехарот европски шампион, а таму свое место секако имаше и Карамбеу. Покрај него на таа листа беа уште и Милан Барош, Иван Кампо, Паул Ламберт и Олегвер.

Карамбеу кариерата ја започна во Нант каде одигра повеќе од 100 натпревари. Потоа настапуваше за Сампдорија, Реал Мадрид, Мидлсборо, Олимпијакос, Сервет и Бастија. Во Мадрид одигра 50 натпревари за три години и освои две титули во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

От Наполи решиле да се разделат со Милинковиќ-Савиќ

Наполи се подготвува да се раздели со Вања Милинковиќ-Савиќ само една година по потпишувањ…