Дома Топ вести ТОЈ е најголемата желба на Зидан – потребна е „маѓија“ на Перез!

ТОЈ е најголемата желба на Зидан – потребна е „маѓија“ на Перез!

Шпанското радио „Копе“ тврди дека Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за услугите на Еден Азар и дека Белгиецот е најголемата желба на тренерот Зинедин Зидан.

„Кралевите“ одамна имаат интерес кон ѕвездата на Челзи и сеуште не се откажале од намерата да го привлечат на „Сантијаго Бернабеу“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, ќе биде исклучително тешко за Флорентино Перез да ја оствари оваа мисија бидејќи Азар е најдобриот играч на Челзи и „сините“ не сакаат да слушнат за да се разделат од него.

Реал нема да има проблем да плати 100 милиони евра за неговиот потпис бидејќи дел од тие средства ќе ги финансира со продажбата на Иско и Хамес Родригез, но прашање е дали Челзи ќе ја прифати таа сума.

Во секој случај шпанските медиуми тврдат дека наскоро Реал Мадрид ќе ја започне мисијата за негов ангажман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…