Белгискиот репрезентативец Винсент Компани е капитен на Манчестер Сити и клучна алка во тимот без кого изминатите години не можеа да се замисат успесите на „граѓаните“.
За Сити одигра скоро 300 натпревари од 2008 година кога дојде во Манчестер Сити, клуб кој тогаш се „препороди“ со арапските милиони.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, многумина не знаат дека Винсент Компани е највоображениот играч во Манчестер Сити и еден од највоображените во Европа.
За него колегите велат дека зборува Англиски подобро од било кој Англичанец во Премиер лигата. Дека е далеку пред сите останати фудбалери и по завршувањето на кариерата сака да остане во фудбалот, но во менаџерска смисла.
Компани уште во тинејџерските денови го одбил Манчестер Јунајтед поради факултетската диплома која сакал да ја стекне во родната Белгија.
Факултетот по бизнис и менаџмент го заврши со највисоки оценки, а сега покрај што е одличен дефанзивец, наскоро ќе се стекне и со титулата магистар, бидејќи е при крај со магистарските студии на Лондонскиот универзитет.