Лионел Меси е еден од најдобрите, а според многумина најдобриот фудбалер во историјата. Ѕвездата на Барса и Аргентина пет пати ја освојува „Златната топка“ и има 29 трофеи во витрините.
Меѓутоа, додека Лео ја ужива наклоноста на целиот свет, семејните проблеми се составен дел од неговиот живот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според пишувањата на аргентинските медиуми неговиот брат Матијас се наоѓа на потерница од тамошната полиција. Имено, тој ја повикал крајбрежната полиција бидејќи имал проблеми со јахтата, но кога стигнала полицијата видела крв и пронашла пиштол. Братот на Меси тврдел дека се исекол за време на несреќата, но набрзо исчезнал, а полицијата трага по него.
Матијас и е познат на полицијата бидејќи и порано имал проблеми со законот. Поради поседување на наполнет пиштол уапсен е во 2008 година, во 2011 година преживеа обид за убиство, а минатата година предизвика сообраќајна незгода.
И во таа прилика полицијата кај 34-годишниот Матијас пронашла пиштол, па за казна мораше да помине седум дена на добротворна работа и да плати 470.000 евра.
Медиумите во Аргентина тврдат дека Матијас е член на озогласена криминална глупа од Росарио!