Дома Топ вести Тој е еден од најважните играчи на Барса, а неговата плата е „ситница“

Тој е еден од најважните играчи на Барса, а неговата плата е „ситница“

Фудбалерите на Барселона се меѓу најплатените играчи во светот, но во каталоснкиот гигант настапува и еден фудбалер чии примања не се пропорционални со неговиот допринос на теренот.

Станува збор за одличниот француски дефанзивец, Самуел Умтити кој се промовираше во лидер на одбраната и еден од најдобрите дефанзивци во лигата.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Умтити пристигна во Барселона од Лион минатата година за 25 милиони евра, а неговата неделна плата е неколкукратно помала од платата на неговите колеги. Барселона на неговата сметка неделно префрла 75.000 фунти, а само за споредба Лео Меси неделно заработува 500.000 фунти.

Платата на Луис Суарез е околу 300.000 фунти неделно, додека Серхио Бускетс заработува 180.000 фунти секоја седмица. И останатите првотимци се многу подобро платени од Французинот, кој доколку продолжи со добрите партии, наскоро сигурно ќе добие нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Мбапе се јави по доделување на „Златната топка“ – пораката беше ептен кратка

Францускиот репрезентативец и член на ПСЖ, Усман Дембеле, ја освои Златната топка за 2025 …