Дома Видео Тоти на и 45 години ја покажува класата, постигна четири маестрални гола 🎥

Тоти на и 45 години ја покажува класата, постигна четири маестрални гола 🎥

Легендарниот Франческо Тоти од поодамна не е активен, веќе осум години е надвор од професионалниот фудбал. Сепак, поранешниот фудбалер на Рома и денес игра фудбал, но само аматерски, меѓутоа и таму покажува дека магија во неговите нозе се уште има.

45-годишниот капитен на Рома во еден аматерски натпревар во мал фудбал постигна четири маестрални голови и покажа дека се уште ја поседува класата која го красеше во текот на кариерата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Тоти од професионалниот фудбал се прости кон крајот на мај 2017 година, а за Рома за која постигна 307 голови на 786 натпревари дебитираше во далечната 1993 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…